Ретко пишуваме за совети за убавина, шминки, нокти, итн… но, некако се чувствувавме повикани да си ја одбраниме лежерноста во стилот на обликување и боење на ноктите бидејќи во последно време забележуваме тренд на вештачки нокти или гел нокти со шпицаст облик кои не се баш наши фаворити, а помладите девојки ги земаат тие совети и препораки здраво за готово.
Има твитови на темава, некои не можат да одолеат да си ги сликаат ноктите, а некои не можат да прекинат да коментираат колку се тие лоши. Прашањето е кој е вашиот фаворит на облик и зошто? Доколку ги украсувате, запрашајте се како и зошто го правите тоа? Момци, дали ги забележувате воопшто ноктите кај девојките?
А препораката од нас до девојките е – не правете гелни нокти ако изгледаат неприродно со слој од 1см кој делува дека ви се подуени и не ги обликувајте како вештерски канџи ако не сте вештерка и ако секојдневниот стил не ви е goth-metal :)
Навиваме за кратки средени нокти со природен облик кои ќе ви дозволат да правите што ќе посакате во денот без да се мислите дали ќе ги скршите – да се гушкате, да спортувате, да се мавате со снег… ако не сакате да ви се обични, креативноста изразете ја со бои и суптилни шари, без додадени циркони кои ќе ви ги скинат омилените хулахопки :)
Enlgish translation at the end of the post.
Ако сакате празнични декорации, одобруваме:
/ If you like holiday decorations, we approve these:
.
.
.
.
И ве молиме, од срце, НЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА:
/ And from the bottom of our hearts, please, DON’T DO THIS:
We rarely write beauty tips, whether is make-up or nails, or anything else… but somehow we feel that we should defend the casualness in the styling of shaping and painting the nails because lately we’ve noticed this trend of artificial nails or gel nails with pointy shape that are not really our favorites, and the younger girls take for granted.
There are many tweets on this subject, some cannot resist the urge to take photos of their nails, and others can’t stop commenting about how bad they are. The question is what’s your favorite shape and why? If you decorate them, question yourselves how and why you do it? Guys, do you even notice the girls’ nails?
And our recommendation to the girls is – don’t do gel nails if they look unnatural with a 1cm-thick layer that make them look swollen and don’t shape them as witches’ nails if you’re not a witch or your everyday style is not goth-metal :)
We cheer for short well-taken-care-of nails with a natural shape that will allow you to do whatever you want to do throughout your day without thinking if you’re gonna break them – to hug people, to do some sports, to get into a snowball fight… if you don’t want your nails to be simple, you can show off your creativity with colors and subtle designs, without added crystals that will tare your favorite pantyhose :)