Утре во 20ч во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи мултимедијален настан преку кој Нела Тодоровска под името на нејзиниот бренд Маригуча ќе ја промовира својата колекција Моден Триптих.
Настанот ќе се состои од три сегменти: инсталација во која се претставени три костуми како Св.Вера, Св.Нада и Св.Љуба, фотографии на одличниот Горан Поповски од колекцијата Моден Триптих, носливи парчиња облека реинтерпертирани од трите духа-инсталации; како и арт видео во кое се прикажани трите духа во форма на човечки ликови, како играат безгрижно македонски забавни игри за деца, облечени во Маригуча од колекцијата Моден Триптих.
Комбинацијата на рачно плетени современи материјали има за цел да ја пренесе пораката на Нела која за Модниот триптих вели „Моден Триптих е мој личен светоглед, мојата вистина, тоа сум јас!“
Ѕирнете ја Facebook страната на Маригуча за повеќе информации или шетнете до Парк на Франкофонија утре и уживајте :)
English translation at the end of the post.
Tomorrow at 8pm at the Park of Frankophony, Nela Todorovska will present the collection “Fashion Triptych” for her brand Mariguccha.
The event will consist of three segments: an art installation, photography exhibition by Goran Popovski from the pieces of the “Fashion Triptych” collection as well as an art video that will present the three leading threads in this collection.
Тhe combination of hand knit contemporary materials is trying to send Nela’s message that says “Fashion Triptych” is my own world view, my truth, it is me!“
Check out the Мariguccha Facebook Page for more info, take a walk to the Park of Frankophony tomorrow and enjoy :)