Нашите шест…омилени локали :)

Кога ќе си најдеме место што ни одговара за искачање, ретко го менуваме па затоа ова беше една од потешките листи да се направи. Си имаме места во кои стварно уживаме, со амбиент и екипа кои ни прават да се чувствуваме како дома, топла препорака да ги посетите што поскоро. :)

И еден важен дисклејмер, ниту еден од спомнатите локали ниту го има платено постов, ниту знае дека ќе се пишува за него. Сакаме да споделиме со вас места во кои уживаме во Скопје и места во кои си ја наоѓаме убавата енергија која ни треба. Сите препораки се 100% искрени.

КАНТИНА

На едно место може да одите на состанок за работа, на дејт, на оговаранка со другарките, на ручек или вечера и на искачанка. Не за џабе си славиме роденден таму две години по ред :) Кантина ни е омилена дебар маалска дестинација за кафе, без конкуренција :)

БАДУ

Затоа што е најопуштено на свет, маалски (во најдобрата смисла на зборот) кафич за кој се вози од Сингелич до Влае, прејаки денски журки, прелабави вечерни искачанки. Плус, ако збориме за кежуал, нема друго место во градов кај што ќе можете лабаво да си седнете во „када“. И коктелите се луууууудило.

Убаво е ова сабота со @dj_goce :)

A post shared by Skopje Casual (@skopjecasual) on

ЕСКИМО

Огромна топка мешан сладолед од лешник и чоколадо, боза, крадење сонце меѓу зградите во градски ѕид… Ескимо ни е омилена дестинација за благце и денско уживање во убавите топли денови (и за тие од „Ленин“ омилено место за ужинка :))

ПОРТА ПАБ

Не само затоа што и е пред зграда на Сандра :) Има прееевкусна храна – топено сирење како во Битола :), пилешки прсти и фурнаринки кои не можеш да престанеш да ги јадеш, како и вкусни странски пивца. Вистинско паб искуство во центар на Скопје. :)

ЉУБОВ

Базари на локални креативци, виски најт, еден куп убави настани не врзуваат со кафе Љубов, локал што не можеш да не го сакаш :)

ГОРКИ

Помфрит. Убава атмосфера, на нашата омилена ул. Максим Горки, не може а да не ја почувствувате уметничката енергија кога ќе стапнете внатре. Помалото братче на Менада ни е совршено место за ручек и дружби после работа. Спомнавме дека храната е лудило, така? :)

 

 

p.s. Superfly, we miss you foeva! <3

Facebook Comment



You may also like