Нашите шест…омилени серии (во моментов :))

Кога не спремаме роденден на ладниве, гадни денови, гледаме мнооогу серии :) Тежок беше изборот и многу (едвај) отпаднаа, ама ова се нашите фаворити за лежерно серија and chill расположение додека собирате енергија да се журкаме на роденден :)

АТЛАНТА

Сè што прави Доналд Гловер е најбоље. Атланта ја осмисли, режираше, продуцираше и глуми во неа, што повеќе да објаснувам? :) Дел од епизодите имаат опасни музичиња, спремете си Шазам дур гледате. :)

ГОМОРА

Покрај сите холивудски скоро-па-филм-високо буџетни серии, сепак на список ставам италијанска серија. Зошто? Пуштете една епизода и сè ќе ви стане јасно. Приказна за мафијата во Неапол, преееедобро снимена и изглумена, приказна која не те пушта, со заспивање и будење да се догледа, со зборење на македонско-италијански, навивање и викање на сред епизода, ПРЕ ЈА КА.

HALT & CATCH FIRE

1. Девојка девелопер во главна улога.

2.Стилот на 80тите.

3.Историјата на она што сме денес – social media генерации.

Веќе ја пуштивте, нели? :)

MANHUNT: UNABOMBER

Ова не е стандардната FBI vs сериски убиец приказна (ок, мораше и еден малку помрачен предлог :)) Manhunt: Unabomber ни дава една друга страна на историјата, со одлична глума и исто толку добро раскажана приказна. Првите епизоди се малку поспори, ама после станува мнооогу појако :)

SHERLOCK

Сите што ја знаат Сандра знаат за посебната конекција со Бенедикт Камбербеч Христов. Ако го ставиме него на страна, пак е многу лесно да ве убедиме да ја гледате – Британски акцент, предобра фотографија, мистерии, стариот добар Шерлок во модерно време. Не смеете да ја пропуштите.

PERSON OF INTEREST

Ни ги покажува можностите и опасностите на технологијата и бесконечните граници на технолошката и човековата способност. Од друга страна нѐ соочува со етичките одлуки при создавањето на нешто супериорно кое може да излезе од контрола, изборот помеѓу она што е етички правилно и она што имате чувство дека е правилно. Возбудлив предвесник и лесна верзија од Black Mirror :)

Facebook Comment



You may also like