Нашите шест…омилени скопски приказни

Многу пати веќе сме ви пишале дека сме ептен среќни кога ќе сретнеме истомисленици кои со своето делување се трудат да го направат Скопје уште поубаво :) Ова се шест убави приказни, кои сме среќни кога и да ги сретнеме.

#РЕТВИТНИОБРОК

Еден куп вредни, добри луѓе секоја недела се собираат за да направат оброци за бездомниците. Сами си собираат состојки, самите ги подготвуваат, самите ги делат. Вистински пример дека не ти треба многу за да направиш огромно добро дело, инспирација ни се засекогаш!

FUNKY FRESH

Бидејќи е пркос на секој кој збори за непостоечкиот ноќен живот во Скопје. Бидејќи ни носат DJи и артисти кои настапуваат секаде во светот, и добро, DJ Гоце е дел од приказната, тоа се подразбира дека е 100% casual approved. :)

ИСЦЕЛИТЕЛ

Уште една приказна која ни кажува дека кога се сака, се вложува и се работи како што треба, трудот на крај се исплати. :) Филм кој не само што не освои нас туку полека но сигурно го прави тоа низ целиот свет.

ПОРТРЕТ

Некако си фаќаме шаблон дека сите приказни кои се на листата се всушност приказни кои одат контра на она стандардното „во Македонија не може да успее нешто добро само затоа што е добро“. Портрет е моден магазин кој изгледа скроз светски, од фотографиите до стилот на пишување, нè радува баш секој нов број :)

Роденденски на Пони! :) #наточак #natochak

A post shared by Skopje Casual (@skopjecasual) on

НАТОЧАК

Неразделни другари сме уште од самиот старт. НаТочак ни се инспирација, нè мотивираат да бидеме подобри скопјани и ни покажуваат дека со мнооогу упорност работите можат да се придвижат на подобро (да, дури и кај нас :)). Се гледаме на следна Критична Маса?

 

БАЗАРИТЕ ВО ЉУБОВ

Место за сите креативци кои немаат каде да си ги покажат своите дела, место за купување на поклончиња, украсчиња и накит. Вистински настан за уживање и трошење мноооогу саати во разгледување :)

Facebook Comment



You may also like