Шест блогови кои уживаме да ги читаме сееекој ден, ни даваат инспирација (ќе приметите дека овој збор се појавува во описот на скоро секој од блоговите :)) и сме сигурни дека ќе ви се допаднат ако ви се допаѓа Skopje Casual :)
Единствен моден блог на листава, па решивме да го ставиме прв на список, да се брои дека сè уште сме модни блогерки. Убавината на овој блог е тоа што не е типичната „ми плаќаат многу пари да сликам скапа облека и одам на Фешн вик“ приказна. Сопственичката на блогот Леандра прави совршен спој на хумор, лични, емотивни приказни и мода, докажувајќи дека модна блогерка е мнооогу повеќе од само дотерана, насмеана скоро-па-манекенка.
Секој пат кога ќе го отвориме блогот се чудиме како е некој толку фин и добар да сака да ги сподели сите овие паметни работи со целиот свет. Од книги, до приказни за познати автори, научници, до истражувања од целиот свет, описот кој за себе го даваат Brain Pickings е „инвентар за живот со значење“ и комплетно се согласуваме со тоа!
Кога е под капата на Wired, не може да не е добро. :) Backchannel е простор за размислување и инспирација, од политика, до SciFi, сите информации вредни за читање од денешницата (и иднината :)) можете да ги најдете баш тука.
Ова е веројатно веќе добро позната локација за рецепти на сите локални сладокусци. Ситно Сецкано има супер кул рецепти, придружени со топ фотки (мора малце да проработи блогерското во нас :)), како и приказна која нè освои – две сестри кои не живеат на исто место си споделуваат рецепти, онлајн. Љубов и вкусови без граници!
Самото име кажува, свежи убавинки, на куп :) Мајк и Меган за блогот велат дека е нивниот дом, местото каде што ги споделуваат работите во кои тие уживаат, и многу многу пати се поклопуваат со тоа што нам ни се допаѓа. Без разлика дали станува збор за мода, храна или патувања, на Fresh Exchange ве чекаат еден куп убави приказни и многу инспирација :)
Многу сакаме македонски блогови, особено кога знаеме со колкава љубов и посветеност се равиваат. Ревошот е еден таков пример, на автори, искусни фотографи кои одлучија своето знаење и искуство да ги споделат со сите нас :) Ерина, Јане, Диме, фала ви за инспирацијата! :)