Другари, дојде нашиот омилен период од годината! :)
Деновите во кои ви се заблагодаруваме што постоите и што правите да постои Skopje Casual, деновите кога си се сеќаваме на сите убави моменти од минатите години, се чудиме како е возможно дека успеавме да направиме блог кој трае 7 години, и нормално, деновите кога спремаме роденденска журка ^_^
Годинешното журче ќе биде малку (ненамерно) отсликување на тоа што се случуваше со блогот годинава, успоруваме темпо, и си даваме време за одмор и за релаксирање. Бидејќи 3ти март ни се погоди недела, си рековме недела е ден за пижамки, па затоа се договоривме да правиме пижама парти :) (многу сме озбилни дека ќе дојдеме во пижами).
Немојте да мислите од ова интро дека сите ќе исполегнеме и ќе одмараме, баш напротив ќе имаме супер музиче provided by DJ Drazi Drags, кој веќе ни спрема супер музичиња. (DJ Гоце е на пат, ама договорено е дека ќе се журка за нас :D)
Значи на кратко, dress code: пижами (стари, нови, скинати, самошто облечени, тренерки пренаменети за спиење, секси чипкасти ноќници, што и да решите :))
Време: 21ч
Локација: Че (спроти универзална)
Ве чекаме во недела да се испогушкаме и изнасмееме, најлежерно на свет! <3
Friends, it’s our favorite time of the year! :)
The time where we thank you for existing and for helping Skopje Casual exist, the time when we remember the great moments from the past years, wonder how is it possible to actually have a blog that is 7 years old, and of course, the time when we celebrate our birthday ^_^
This years party will be a bit of a reflection of the state of the blog, we slowed down our tempo and gave ourselves some time to relax. Since 3rd March is Sunday, and we all know that Sunday is a day for pajamas, we decided to throw a pajama party J (we’re very serious about wearing pajamas)
And no, it’s not going to be a boring old party, we’re going to have some great music by Drazi Drags who is already preparing for the set. (DJ Goce is not in the country, but he’s gonna party in our name :))
So, in short, dress code: pajamas (old, new, ripped, just gotten out of the store, sports wear adapted for sleeping, sexy night gowns, whatever you wear to sleep :))
Time: 21h / 9pm
Location: Che Café Bar (right across from “Univerzalna Sala”)
We can’t wait to see you, hug you and talk to you on Sunday, it’s as casual as it gets! <3