Новата пролет-лето колекција „Моменти“ на Индог | The new line "Moments" SS2014 by Ind.o.g.

Во претстојнава сезона пролет/лето, Индог ни ја претставува најмалата колекција досега, но секако не помалку креативна од претходните, која нѐ воведува во приказната на малите убави моменти кои нѐ радуваат во животот како дел од петтата сезона на неговиот бренд облека – Celebrate Life.

Горан за овие илустрации вели: „Иако нацртав 10 илустрации сепак решив да се задржам на најбитните моменти кои што мене ми се значајни последниве месеци а, тоа се сонцето кое што со неговото изгревање и заоѓање го означува раѓањето на новиот ден или завршувањето на истиот исполнет со многу предизвици и моменти :) Покрај оваа илустрација танцот и играта се повторно присутни но овој пат илустрирани преку куче. Кучињата се секогаш расположени и ведри за игра. Кај нив нема манипулации и лаги кои што ние луѓето ги користиме за да се допаднеме некому за да бидеме нешто што не сме по секоја цена само за да добиеме внимание. Таа нивна искреност и весела константност мене ме фасцинира.

Маичката со сонцето е испринтана со флуоросцентна боја која потсетува на зајдисонцето, а таа со кучето е црно-бела како и неговото куче и вечна инспирација. Токму и нам овие маички нѐ потсетуваат на нашите моменти на средба со Индог каде или спортува на кејот на зајдисонце или го шета неговото весело куче Поко :)

Белите летни маички претставени повторно од урбани ликови, овој пат доаѓаат и во машка и женска варијанта наместо во унисекс големина како претходните, па знаете веќе каде да си нарачате. Ние веќе го направивме тоа :)

Многу сме среќни што покрај официјалните фотографии, премиерно можеме да ви го прикажеме и видеото за најновата Celebrate Life колекција. Уживајте! :)

Фото и сценографија: Жарко Чулиќ

Коса и шминка: Panache

Модели: Ангела и Боби

Видео: Indog

image

image

image

image

image

For the following spring/summer season, Indog prepared one more great collection. Even though it is his smallest collection so far, it is for sure no less creative than everything else we’ve seen from his Celebrate Life line. The new, fifth collection by Indog shares the story of moments that make us happy.
For his new illustrations Goran says: “I drew 10 illustrations, but still decided to keep only the most important moments which are of great value for me in the past months, the sun, the sunrise and sunset marking the birth of a new day or an ending filled with many challenges and moments :) Once again, I included dance and play elements, this time presented through a dog. Dogs are always happy and in the mood for games. There are no manipulations or lies which people use to like someone, they don’t pretend to be someone else just to get attention. Their honesty and constant happiness fascinates me.”
The t-shirt with the sun illustration is printed with fluorescent color which reminds us of the sunset, and the one with the dog is black and white, just like his dog, his inspiration. These t-shirts remind us exactly of that – our moments meeting Indog where he’s sporting on sunset or walking with his happy dog Poko :)
This time, the t-shirts can be found in male and female versions instead of unisex like before. You already know where to order them, right?
We’re very happy to present the official look book, and premiere the video for the latest Celebrate Life collection. Enjoy! :)
Photo: Zarko Culic
Hair and make up: Panache
Models: Angela and Bobi
Video: Indog

 

Facebook Comment



You may also like