Концепт37 веќе стана предодредено место за сите дизајнерски собиранки во градов, а вчера се радувавме заради тоа што беше разубавено од креативните раце на Магде и Вики, нашите пријателки и соработнички од Преплет за првиот роденден од отварањето на нивното студио.
Презентираа многу интересни изработки од новиот каталог, почестија макарон колачиња, видовме (и сликнавме) многу насмевки и како и секогаш се подруживме со расположени луѓе.
Ако не стигнавте вчера, може да го ѕирнете нивниот нов каталог тука или да ги најдете во нивното студио во Дебар Маало :)