Уметноста на досадата | Art of Boredom

Сигурни сме дека како и нас, многу ви недостигаат убавите пролетни настани. Секоја година пролетта е еден од најраздвижените периоди во Скопје, а со тоа и на нашиот блог, но заради пандемијата за жал изминативе години имаме многу помалку настани за кои можеме да се радуваме. Досадата некако стана дел од нашето секојдневие, делумно од недостаток на инспирација, делумно од неможноста да прошетаме, да направиме нешто ново, да креираме искуства.

Убавата работа е што таа досада понекогаш може да придонесе да направиме нешто што во поинакви услови веројатно не би се случило.

Еден таков пример е изложбата „Art of Boredom“ која е збир на дела на единаесет уметници кои „преку себеиспитување и креирање идеи и предмети, се обидоа да ја потврдат својата присутност во празнината што произлезе од пандемијата.“

Нивните дела се поставени во градината на сегашната резиденција на ЕУ и отворени за посета до 31ви мај. Изложбата е организирана според сите Ковид протоколи, па затоа доколку се одлучите да ја посетите обавезно прво прочитајте ги сите насоки и пријавете се за присуство тука. Се гледаме! :)

Facebook Comment



You may also like