Ако редовно ги читате нашите текстови, сигурни сме дека досега сте забележале една шема на повторување – сите три сакаме лежерна мода, добар дизајн, среќно Скопје и убави настани кои ги радуваат скопјани.
Еден од овие настани е Skopje Design Week. Настан за кој малку ви зборнавме претходно, а за кој ќе може да се дознае многу повеќе на 18ти септември во 11 часот во Францускиот институт во Скопје (ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48).
Идејата на овогодинешниот Design Week под мотото „Четврта смена“ е да се доловат различните функции на дизајнот – промоција, деловна соработка, едукација, забава и дружење.
На 18ти септември во рамки на press конференцијата ќе биде најавена комплетната програма на настанот (а според тоа што го слушнавме има мноооогу интересни планови), како и сторијата зад „Четвртата смена“ и францускиот шмек кој ќе го има овогодинешното издание бидејќи земја во фокус е Франција (Oooh, oui!)
Очекувајте уште информации наскоро! :)
English translation at the end of the post.
If you are one of our regular readers, you can probably see a pattern with the things we like – the three of us love casual fashion, great design, happy Skopje and nice events that make the people in Skopje happy.
One of these events is Skopje Design Week. An event that we wrote about a bit before, and about which you can learn a lot more on 18th September at 11 am in the French Institute in Skopje (Mito Hadzivasilev str. 48)
The main idea behind this years Design Week is “Fourth shift”, the presentation of different aspects and functions of design – promotion, business collaboration, education and fun.
On the 18th September, as a part of the announced press conference, we will learn more about the program of the event (and from what we hear it’s going to be very interesting), the story behind “Fourth shift” and the French theme that will be in focus this year (Oooh, oui!)
Stay tuned, more info is coming soon! :)