Во средата почна 7-та по ред Недела на дизајнот, еден од нашите најомилени настани за фоткање! Настанот по трет пат се одржува во Јавна соба, која ја видовме во малку поразлично издание – со реновиран кровен простор каде вчера го фативме настапот на Killo Killo Banda и диџеј сетот на Flooder.
Покрај музичката програма, деновиве до Недела се одржуваат и работилници, презентации, како и кулинарски перформанс, но секогаш најомилениот дел ни се изложбените дизајн експонати, кои за жал споредено со претходните години ги имаше многу помалку. Земја во фокус годинава беше Унгарија. Уживајте во фотките и трк вечер на Васил Хаџиманов Бенд!
—
On Wednesday was the opening of the 7th Skopje Design Week, one of our favorite events to photograph! This is the third time that the event takes place in Public Room, that we saw in a different manner – with renovated roof space where we attended the concert by Killo Killo Banda and the DJ set by Flooder.
Besides the music performances, until Sunday there’s a rich programme with workshops, presentations, culinary performance, but our favorite part are the exhibitions of mostly industrial design, which unfortunately, compared to the previous years were not in abundance. A country in focus this year was Hungary. Enjoy the photos and see you tonight on the Vasil Hadzimanov Band’s concert!