Стар лифт и долг џемпер | An old elevator and a long cardigan

Колку и да се обидувам да смислам некоја нова комбинација, по некое време сфаќам дека сопствениот секојдневен стил постојано некако успева да се провлече.

Долг џемпер на закопчување заедно со едноставните додатоци како ланчето од патент од Just Because и впечатливиот „дебел” златен часовник се интересните моменти од мојата најчеста и омилена комбинација – фармерки,  сива маичка, чизми кои лесно се облекуваат и спонтано врзана коса.

Ретро лифтот со парни и непарни катови ми е уште еден прекрасен момент на денот, а за џемперот ќе се правам дека не ме потсетува на суперхеројска наметка :)

Часовникот е GARNER од Мајкл Корс, може да го најдете во My:time.

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >