На гости во Simple. | Visiting Simple.

Во најавата и првата тура на фоткања откако го добивме Huawei P9 за тестирање, го тестиравме со основните подесувања на неговата камера низ скопските улици.

Овој пат одлучивме да го однесеме во акција кај нашите пријатели во Simple и да ја фотнеме нивната најнова колекција (можеби се сеќавате на снименото видео веднаш по нивното отворање), користејќи го само телефонот наместо нашиот драг дигитален фото апарат кој обично го користиме за ваква намена :)

Покрај основните подесувања, овој пат поигравме и со моќноста на двете леќи, односно добивање на повеќе длабочина (aperture) во самите фотографирани сцени. Шарите на самите материјали се доста впечатливи и беа одлично доловени од камерата, боите се скоро верни на оригиналот (со мало влијание од неонките во просторот) и можеме слободно да кажеме дека и без дополнителна дигитална обработка сме навистина задоволни од она што го добивме како резултат.

Доколку барате телефон со одлична камера, дефинитивно Huawei P9 мора да се најде во вашиот избор :)

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >