Би се зачудиле доколку некаде по социјалните медиуми сè уште не ви налетале забавните градови со зачувани весели моменти насликани на ѓердан во полумесечина. Ако не таму, сигурно по некои од базарите кои собираат еден куп наши креативци на едно место :)
Александра Иванова од Штип дизајнира и изработува накит повеќе од 10 години. Може да ја сретнете како „Софија Филигранска“ (facebook страна, блог) со нејзиниот филигрански накит или она што е најново во нејзиното творештво – серијата „Наши Луѓе“ (блог) под кои влегуваат луѓе од глина и ѓерданите на кои ги отсликува своите, па и туѓите, патувачки соништа.
Ѓерданите и пеперутките ги изработува на медијапан со сликарска подготовка на подлогата, а црта со фломастери, темперни бои и туш. Од Париз, до Лондон, Амстердам, Лисабон, па зошто да не и од охридското крајбрежје до скопските кафанчиња? :) За нас специјално изработи ѓердан со мотив од Хавана и една пеперутка со мотив од Њујорк… зошто па да не си ги носиме соништата околу врат? :)
English translation at the end of the post.
We’d be amazed if you still haven’t run into these fun little cities with cheerful moments captured with paint on a moon-shaped necklace. If not in the social media, you might have seen them in one of those bazaars that gather a whole bunch of creative people in one place :)
Aleksandra Ivanova from Sthip has been designing and making jewelry for more than 10 years. You can find her as “Sofija Filigranska” (facebook page, blog) with her filigree jewelry or the things that are new in her makings – the series “Our people” (blog) that include clay peple and these necklaces that depict her and other people’s travel dreams.
The necklaces and bow-ties are made out of wood fibreboard with a painting-prepared base, on which she paints with felt-tip pens, oily colors and ink. From Paris to London, Amsterdam, Lisbon, and why not – Ohrid’s coast and Skopje’s little restaurants? :) For us she nade a special necklace with a motif of Havana and a bow-tie with a motif of New York… Why you shouldn’t wear your dreams around your neck? :)