За колекцијата „Дома“ на Ирина Тошева поддржана од my:time веќе зборувавме многу. Од мали тизерчиња, до големи најави, ѕирнавме во плакарот на Ирина уште пред да ги видиме на пистата. Сепак, тоа што вчера беше претставено на #FWSK беше посебно уживање :)
Поддржани со одличниот настап во живо на „Нокаут“, моделите ни ја претставија најновата колекција која отсликуваше топлина, радост, и зрачеше со убавина. Прва причина зошто не освои – јарки, младeшки бои кои ретко се среќаваат во есенско/зимски колекции. Втора причина – соработка со Ване Костуранов, неговите прекрасни куќички беа отсликани на дел од моделите, додека другите беа извезени на материјалите. Трета причина – пораки како „Љубам“, „Многу си ми омилена“, „Те љубам бескрајно“ извезени на лежерни маички и кошули; соработка со my:time, color blocking на куси чорапчиња и високи сандали…Зарем ви се потребни уште причини да се вљубите во колекцијата? :)
Кога се обидувавме да најдеме фаворити, малку по малку стасавме скоро до целата ревија – од темно сините панталони, до фустанчиња со куќички или розов долг капут, за да заокружиме можеме само да кажеме едно големо браво Ирина! :)
Уживајте во фотките :)
English translation at the end of the post.
We already wrote a lot about Irina Tosheva’s collection supported by my:time. From small teasers, to big announcements, we peeked into Irina’s closet and discovered the collection titled “Home” even before it went on the runway. Still, what we saw yesterday on #FWSK was a special moment :)
Supported by the live music performance of “Nokaut”, the models presented the latest collection that spread warmth, joy and just simple beauty. The first reason why we loved it – the bright, youthful colors, rarely seen in autumn/winter collections. The second reason – the collaboration with Vane Kosturanov – his house paintings were applied on some of the materials, and sewn on others. Third reason – messages like “I love”, “You are my favorite”, “I love you endlessly” sewn on casual t-shirts and shirts; the collaboration with my:time, color blocking with short socks and high sandals…Do you need any more reasons to fall in love with the collection? :)
When we tried to pick our favorites, we basically chose the whole collection – from the dark blue pants with black prints, to the dresses with house prints or long pink coat, all in all, we can just say, bravo Irina! :)