Љубовниот базар кој повеќе од година дена редовно се одржува во едно од омилените наши места – кафе бар Љубов, редовно е посетен иако можеби немаме официјални постови од секоја посета :) Многу се радуваме што има сѐ поголем број на уметници кои ги изложуваат своите дела и постојано можеме да си уловиме нешто интересно.
Овој пат можевме да ги видиме: Em Ellephantski (Ем ја знаеме уште од нашиот прв Филмски Бутик!), УрбанЕра со интересни илустрации и мотиви од поп-културата, Марина Зоксимовска и нејзините илустрации на ташни и патики, нашите пријатели од Фигура со нивниот 3Д принтан накит, Wizart Craftivism со познатите честитки кои се садат и дрвени брошеви, Јулија Барбун со илустрации на чаши, маици и накит, Никулец и нивните штосни беџови и постерчиња, Катарина Парго – маичките на Катарина Ивановска, Naer Vaer, Mei Ro со накит од рециклирани материјали, AlmArt jewelry која неколку пати сме ја забележале со нејзините филиграни и Карло Хорват како најредовен со кожни ташни и новчаници.
English translation at the end of the post.
The Love Bazaar that is happening almost for a year in one of our favorite places – cafe Ljubov (Love), is often visited by us even though we don’t have an official post from each visit :) We’re very happy that there’s even bigger number of artist who display their work and we can always score something interesting.
This time we saw: Em Ellephantski (we know Em since our first Film Boutique!), UrbanEra with interesting illustrations and pop-art motives, Marina Zoksimovska and her illustrations on bags and sneakers, our friends from Figura with their 3D printed jewelry, Wizart Craftivism with the well-known plantable greeting cards and wooden brooches, Julia Barbun with illustrations on cups, t-shirts and jewelry, Nikulec and their witty badges and posters, Katarina Pargo, Naer Vaer, Mei Ro with recycled-materials jewelry, AlmArt jewelry who we’ve noticed a couple of times with her filigrees, and Karlo Horvat as the most regular with his leather bags and wallets.