Талентот е новото секси, под тоа мото се отвори новото четриринаесетто издание на Моден Викенд Скопје, со прекрасната и талентирана Јована Филиповиќ и нејзината колекција под име “Големата Убавина”. Колекцијата е инспирирана од италијанскиот филм со тоа име во режија на Паоло Сорентино. Во интервјуто за Stylist.mk, Јована вели дека колекцијата сака да одговори на прашањето на убавината на живеењето:”Во светот каде што владее декаденција, тривијалност и хипокризам во сите сфери на човечкото живеење, на крај секогаш сè се сведува на прашањето – што е всушност убавината на живеењето. На создавањето. На творењето”.
Сорентино, режисерот на овој култен филм, вели дека инспирацијата доаѓа од познатата изјава на Флобер дека планира да напише роман за ништото. И тоа значи, за многу мали работи како гласините и озборувањето, работи кои нè брануваат и изгледаат важни, краткотрајни и неважни, а често завземаат и нè водат еден цел живот. По големата страст за уживањето на нашите простори, на кафаните и дружењето, на добриот ноќен живот, сеирот и зајадливоста, паралелата со италијанскиот дух на овој филм се чини дека ја има погодено вистинската нота и тема.
Колекцијата има колоритни блескави сакоа, панталони со одличен крој, женствени фустани за одземање здив, сјајни ролки, заеднички светкави брош детали, ексклузивни бомбер јакни со одличен крој – збир на различни стилови и избори за секој профил на лик во една дискусија, на кров, уз вино, за животот и неговото значење :)
Наш фаворит – панталоните со сребрена ролка!
English translation at the end of this post.
Talent is the new sexy, that is the motto that opened the new fourteenth edition of Fashion Weekend Skopje, with the wonderfully talented Jovana Fililpovic and her collection named “The great beauty”. The collection is inspired by the Italian movie with same name by Paolo Sorentino. In the interview with Stylist.mk, Jovana says she wants the collection to answer the question on the beauty of living: Јована вели дека колекцијата сака да одговори на прашањето на убавината на живеењето:”In a world that is ruled by decadence, banality and hypocrisy in all areas of life, we always come to the question – what is actually the great beauty of living. Of creating and making.”
Sorentino, the director of this cult movie, says that the inspiration comes from the famous statement from Flaubert that he wants to write a novel about nothing. By ‘nothing’ he meant the rumors and gossip, the thousand ways we have of wasting time, the things that irritate us or delight us but that are so short-lived that they make us doubt the meaning of life. That ‘nothing’ makes up many people’s entire lives. By the big pursuit of enjoyment, the “kafanas” and hanging out, the good night life, “seir” and cunningness, the parallel with the Italian spirit of this film seems to have stoke the right note and theme.
The collection is full in colorful shiny tops, pants with the most wonderful tailoring, feminine dresses to take the breath away, shiny turtlenecks, common rich brooches, exclusive bomber jackets – a collection of different styles and choices for every profile of a character in a discussion, on a rooftop, with wine, about life, its great beauty and its meaning :)
Our favorite – the pants with silver turtleneck!