Ако некој случајно забележа дека ме нема од април и уште послучајно се запрашал каде сум – еве ме назад – неколку месеци подоцна (дел поминати зад апаратот), над 10 килограми помалку и една двомесечна ќерка повеќе :)
За оние малку моменти поминати сама надвор од дома, ја искористив шансата за (до)средување на фотографии од нашата прошетка од претходниот пост каде конечно се собравме сите три. Се прилагодувам на новиот начин на живот – да се искористи каква и да е можност што ми се дава во моментот за да отворам лап топ, иако сепак постои доза на недостигање во позадината за малото човече :)
Сиво и кафено ми е една од најомилените комбинации за есен. Целосно сиво-црна комбинација со големо топло сиво пончо (фала Б! ^_^) и детали во кафени нијанси – гравирана чантичка, геометриски брош од Фигура и неизбежниот часовник овој пат со правоаголна форма од брендот Мајкл Корс.
Часовник: Michael Kors од my:time.
English translation at the end of the post.
In case someone accidentally noticed that I’ve been gone since april and even more, wondered where I was, I am back – a couple of months later (part of them spent behind the camera), more than 10kg less and one two-month-old daughter more :)
For those few moments spent alone outside, I used the chance to finish touching up the photos from our walk from the previous post where all the three of us finally got together. I’m getting used to this new way of life – to use any given opportunity to open the laptop, even though there’s this feeling, always working in the background, of missing the little person.
Grey and brown is one of my favorite combos for fall. An all grey/black outfit with a big grey and warm poncho (thanks B! ^_^) and details in brown shades – engraved purse, geometrical brooch by Figura and the unavoidable watch – this time in rectangular shape by Michael Kors.
Get the watch: Michael Kors by my:time.