Маичките "Celebrate Life" на Ind.о.g + ПОДАРОЦИ!

Македонскиот графички дизајнер Горан Костовски познат по псевдонимот Ind.o.g (веб сајтфејсбук пејџ, твитер профил) неодамна по повеќе од 10 години повторно создаде серија супер-кул маици!

Според него: „Celebrate life е за моментите на танцување и славење на убавите нешта. Кога танцуваме ги ослободуваме сите лоши работи насобрани во нас. Илустрациите се само потсетник дека танцувањето и уживањето во самите себе и во музиката е нешто што треба да е наше секојдневие.“

Скролајте надолу и прочитајте како со Ind.o.g ќе доделиме една маичка подарок на нашите заеднички читатели! А ако не ја добиете сега, купете си ја или побарајте ја како предвремен подарок за роденден! :)

Процент од продажбата на маиците ќе бидат наменети за хуманитарни цели и организирање на изложби поврзани со графичкиот дизајн.

Лимитираната едиција на unisex маици може да се купат по цена од 1000 ден. во бутикот Toxic на Acid Wear (Градски Tрговски Центар, Скопје на првиот кат веднаш позади Југотон).

Да, и ние ќе си купиме :)

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

=== КАКО ДА ЈА ДОБИЕТЕ МАИЧКАТА? ===

За вас ја одбравме следната унисекс маичка, а големината ќе зависи од добитникот :)

image

Стандардната giveaway блого-процедура е следна:

1) Лајкнете го пејџот на Ind.o.g ИЛИ заследете го на твитер

2) Лајкнете го нашиот пејџ Skopje Casual ИЛИ заследете нè на твитер

3) Под овој пост искоментирајте зошто ја сакате маичката ИЛИ твитнете со хаштагот #CelebrateCasual

* Ако немате ни фејсбук ни твитер профил, пратете ни го тоа на мејл casualskopje[на]gmail.com (ама имајте предвид дека сакаме изборот да е транспарентен).

4) Повикот го затвораме идниот понеделник (30.07), а добитникот на маичката ќе го објавиме идниот вторник (31.07). Ако сите коментари се слични, маичката ќе биде доделена по случаен избор.

5) Добитникот ќе треба да се претстави во бутикот Acid Wear и од таму да го подигне подарокот (ако не сте од Скопје, ќе се обидеме да најдеме начин да ја добиете :) )

6) На крај, ќе треба да ни пратите 2-3 слики да се пофалите како ви стои маичката ;)

Покрај маичката, првите 50 луѓе што ќе го посетат бутикот, може да си земат гратис стикерче (кхм, налепница!) од денес после 17 часот, која инаку може да се добие само со купена маичка. Направете дел од вашите предмети да вреснат со оптимистичкото мото и… уживајте во животот! :)

image

image

image

image

image

Facebook Comment



You may also like