Време е за родендеееен ^_^ Сигурно веќе дека почетокот на март за нас значи роденденска журка :) Иако последниве години не сме најактивни (нема ни да пробаме да се правдаме :D) родендените ни останаа како убава прилика да се видиме и дружиме со сите луѓе кои имале и уште имаат дел од нашата лежерна, скопска приказна.
Темата за оваа година е РЕТРО (за да ве натераме да разлистате постари постови кога веќе немаме нови хехе), и баш затоа изминатиот период на блогот споделивме инспирација од нашите омилени модни приказни од шеесеттите, седумдесеттите, осумдесеттие, деведесеттите и 2000-те :)
Журката за оваа година започнува малку порано, бидејќи сме постари :D Ќе стартуваме со филмче, проекција на „Тајните архиви на Скопје“ и после тоа продолжуваме со журка со нашиот омилен DJ Гоце ^_^
Отворете ги плакарите на вашите родители, баби, дедовци, ѕирнете што останало низ подрум или направете модерна-ретро комбинација. Ве чекаме на 3ти март од 20ч во Котур! <3