Подготовки за роденден – трет дел | Birthday prep – part 3

Продолжуваме со подготовки за деветтиот роденден! Ако не сте преголеми љубители на hoodies кои ви ги препорачавме во претходниот пост, тогаш ви предлагаме комбинацијата да ја склопите со панталоните како главно парче.

Наш фаворит се широките, удобни панталони кои можат да бидат мнооогу многу долги, 3/4, капри…како и да ви одговараат најмногу. Дезенирани, клот, од тенки лелеави или дебели топли материјали, најдете си го парот кој ќе ви одговара најмногу и потоа само комбинирајте со едноставна маичка и парче накит. И тоа е тоа, спремни сте за фоткање и онлајн роденденска журка :) Пратете ни ја вашата комбинација на @SkopjeCasual :)

Facebook Comment



You may also like