Подготовки за 9ти роденден – втор дел | 9th Birthday prep – part 2

Продолжуваме да се спремаме за домашна журка! :) За накитот веќе се договоривме, следно е да преминеме на облеката. Не би биле Skopje Casual кога не би се обиделе да вметнеме барем малку лежерна мода дури и во дотерувачките комбинации.

Една од убавите работи изминативе години е што конечно блузоните и тренерките започнаа да стануваат ок комбинација за сите, не само за спортистите, па затоа и ние нашата роденденска комбинација ја започнуваме со блузони со капуљачи – hoodies!

Има мнооогу варијанти како можете да ги комбинирате а да изгледате супер кул, со само обично додавање на кожна јакна, интересни чевли или торба, изгледот се менува од обичен блузон во супер лежерна „street-wear“ комбинација. Ова се неколку наши фаворити, споделете ги вашите со таг на Instagram Stories или пишете ни во DM :) Ги чекаме вашите роденденски фотки! :)

Facebook Comment



You may also like