Свеченото отворање на Fashion Weekend Skopje S/S 2013 се случи со првата официјална ревија на брендот Кокев во зградата на Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Како вљубеници на лежерното не се чувствувавме баш како на свој терен во публиката, но сепак на ревијата погледнавме модели кои сметаме дека вреди да се споделат.
Лежерниот стил беше заменет со свеченост, но решивме да и дадеме шанса на најавата за романтична и елегантна колекција. Редици за влез, истакнати личности, убави лица и борба за место повеќе. А на подиумот, лелеави и нежни креации во светли пастелни пролетни бои за славење на концептот на женственоста во свечени фустани. Се почувствува и силна посветеност кон текстурата на материјалите и релјефните детали.
Ок, признаваме, дел од нив и си ги замисливме и во одлична комбинација со старки :)
Уживајте во сликите и пишете ни коментари.
English translation at the end of this post.
The revue opening of Fashion Weekend Skopje S/S 2013 begun with the first official show of the brand Kokev in the building of the Museum for Macedonian fight for state and independence.
As lovers of the casual style, we didn’t completely feel on our ground amongst the audience, but we still noticed some designs we thought are worth sharing.
The casual surroundings were replaced with couture, but we decided to give a chance to the announcement of an elegant and romantic collection. Entrance lines, famous people, pretty faces and a fight for an extra spot in the hall. And on the runway, flowy and gentle creations in bright spring pastels as a celebration of femininity in couture dresses. A string dedication to texture of materials and relief detail was woven into the each piece of work.
Ok, we admit that we imagined some of them in a great outfit with a pair of All Stars :)
Enjoy the pictures and write your thoughts in the comments below.