Ирина Тошева, колекција „Вила“ пролет/лето 2013 I Irina Tosheva, collection "Vila" spring/summer 2013

Не е тајна дека една од нашите омилени ревии на овогодинешниот моден викенд беше ревијата на Ирина Тошева. Комплетно се вклопи во нашиот лежерен стил, пролетно расположение и направи да посакаме веднаш да имаме барем по две, три парчиња на нас :)

На наше големо задоволство, во овој пост ја имаме можноста ексклузивно да ви ја прикажеме фотосесијата за оваа колекција. Уживајте!

It’s no secret that Irina Tosheva’s collection was one of our favorites from this years Fashion Weekend. It completely fits our casual style, spring mood and made us want to have at least two or three peaces of it, right away :)

It is our great pleasure to exclusively promote the photo shoot for this collection. Enjoy!

image

image

image

image

„Инспирацијата те наоѓа сама. Вилиното коњче што ме посети ненадејно, ме натера да го следам и да трагам по неговите симболи за коишто сите сонуваме. Среќа, благосостојба, смелост, чистина во шаренило… Во оваа колекција тргнувам по патот на природата и нејзината мистика, користејќи памук и свила. Токму во удобноста на материјалите ги наоѓам сместени гласниците на соништата и илузиите на љубовната магија што ја носи сезоната пролет-лето. Преобразбата значи мода. Моите музи сакаат да бидат забележани, шарени и свои. Ги провоцираат сетилата и кокетираат со околината. Само така можат да ги надминат масата и формата, за повторно да донесат радост и цветање“ вели Ирина за оваа колекција.

“The inspiration finds you. The dragonfly that paid me an unexpected visit, made me follow it searching for its symbols we all dream of – happiness, prosperity, courage, purity… In this collection, I set out on the road of nature and its mystique, using cotton and silk. It is in the comfort of the materials that I find the location of these heralds of dreams and illusions of the magic of love that the spring/summer season brings. Transformation means fashion” says Irina for her latest collection.

image

image

image

image

image

Тимот на млади креативци кои работеа на оваа фотосесија се:

модели: Ками Спасова и Тамара Бојаџиска

фотограф: Андреј Аговски

илустратор: Марјан Димиќ

шминка: Виктор Мирчевски

фризура: Studio Allure

чевли: Chantel

The team of young creatives who worked on this photo shoot are:

models: Kami Spasova and Tamara Bojadziska

photographer: Andrej Agovski

illustrator: Marjan Dimikj

makeup: Viktor Mirchevski

hair: Studio Allure

shoes: Chantel

image

image

image

Ние едноставно не можеме да се изнауживаме! :) Доколку и вие сте вљубени во моделите како нас, подгответе се, наскоро сите ќе бидат достапни за купување во онлајн бутикот Bastet Noir!

We just can’t get enough of them! :) If you are in love with these models as much as we are, get ready, soon they will be available for shopping on the online boutique Bastet Noir!

Facebook Comment



You may also like