Skopje e Casual НаТочак! | Skopje is Casual on a bike!

Нашите мили другарчиња од иницијативата #NaTochak наполнија цела година од нивниот почеток на разубавување на скопските улици и нè поканија заедно да го одбележиме 13-то возење и да го прославиме првиот роденден! :)

Се чекавме пред Веро центар во рекорден број, времето беше совршено, сите беа среќни и расположени и украсени со роденденски реквизити :) На количка опремена со позитивни вело-пораки свиреше музика која беше задолжена за уште попозитивно расположение на сите кои возеа околу неа.

Се провозивме низ делови од Центар, Аеродром, Ново и Старо Лисиче каде повеќето од нас прв пат поминаа со велосипед, бевме поздравени од жителите на овие населби чиј мир малку го нарушивме, но сите беа насмеани затоа што прв пат толкава група поминува низ нивните мали маалски улички.

Турата ја завршивме во МКЦ каде имаше одлична забава благодарение на Fonija и Направи Заедно, LD Pistolero, The John, (нашиот најомилен) Гоце САФ, Младински Културен Центар, Васко, Џано, Трипе, Марија и нормално, сите што возеа и дојдоа на роденденската прослава!

Тука малку се посликавме со нашите speech bubbles кои визуелно ни кажаа дека Skopje Е Casual наТочак ;) Дел од фотките во овој пост, а останатите наскоро ќе ги објавиме на нашата Facebook страница. Фала ви на сите што ни го разубавувате градот и нашиот блог со вашите насмевки! :)

English translation at the end of the post.

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

Our dear friends from the initiative #NaTochak (“On a bike”) turned one year of their beginnings of beautifying the streets of Skopje and invited us to mark the 13th ride and celebrate the first birthday together! :)

The meeting point was at the Vero Center parking lot, the weather was perfect, everyone was happy and in a good mood, all dressed up for a birthday :) There was a cart with positive bike-friendly messages that played music and spread great energy to everyone riding around it, making the atmosphere even better (if that was even possible to do).

We rode around parts of the municipalities Center, Aerodrom, New and Old Lisiche where most of us rode for the first time, we were greeted by the citizens of these neighborhoods whose daily peace got disturbed, but everyone was smiling because a group that big passed their little alleys for the first time.

We ended the tour in front of the Youth Cultural Center with a great party thanks to Fonija and Napravi Zaedno, LD Pistolero, The John, (our favorite) Goce SAF, Vasko, Jano, Tripe, Marija and, of course, everyone who rode and came to the birthday celebration! 

We took a few photos with our speech bubbles who visually told us that Skopje IS Casual OnABike ;) You can see a part of them here, and the rest will soon be uploaded on our Facebook Page. Thanks to everyone for making our city and blog more beautiful with your smiles! :)

Facebook Comment



You may also like