Ревијалниот дел на четвртата вечер на Fashion Weekend Skopje го отвори Оливера Штакоска. Нејзината колекција “Lace” се состоеше од долги фустани, елеци, впечатливи ремени и кошули, сите изработени од чипка, памук и лен.
Интересните везови, комбинирани со лелеавите полупроѕирни материјали, ни ја претставија пролетната „бохо“ девојка на Оливера. Ниските сандали и интересните шари ненаметливо завладеаа со пистата, носејќи ни чувство на елеганција, испреплетена со лежерност.
Наш фаворит, долгиот бордо фустан на првата фотографија :)