Новата колекција на Јасмина Дракул го носи името „Во полн сјај“. Токму во тоа издание ни беа прикажани раскошните тоалети и венчаници на Дракул. Златната, црната и белата преовладуваа на елегантните долги фустани, со многу чипка во комбинација со свила. Накусо, многу гламур и женственост на едно место :)