Линеа е моден бренд од Штип, кој годинава за прв пат се претстави на Модниот викенд Скопје со својата пролет лето ready to wear колекција. Видовме суперфункционални темно сини здолништа во А линија, лелеави кошули и маички и женствени фустани за формални прилики. Колекцијата има еднобојни парчиња, како и дезенирани матерјали за микс на формален и слободен стил.
Темносината беше темел за целата колекција, а беше надополнета со топло портокалово, песочно крем и жолто. Наш фаворит е темно синиот фустан со должина до колена и кимоно кошула во пар.
Погледнете ја галеријата подолу за вашиот избор :)
English translation at the end of the post.
Linea is a fashion brand from Shtip, that had its first presentation on Fashion Weekend Skopje with its ready to wear spring summer collection. We saw superfunctional navy A skirts, flowy shirts and tops, and feminine dresses for formal occasions. The collection has monochromes as well as designed prints to mixup the formal and casual style.
The navy was a foundation for the entire collection, and was adjoined by warm orange, sandy cream and yellow. Our favorit is the navy middress and a paired kimono shirt.
Take a look at the galery above for your choice