На лице место: Skopje Design Week! | The event!

Вчера се одржа 5-то издание на „Неделата на дизајн“ во Скопје, како што најавивме – на новата локација во Јавна Соба.

Иако со малку поразличен сензибилитет од досегашните изданија во Куршумли Ан, сепак Јавна Соба беше достојна замена – со доволно простор за да ги собере сите изложени дизајни и фин индустриски амбиент  исполнет со џез и расположени луѓе.

Почнувајќи од првиот кат, по скалите беа изредени стрипови од Стрип Центарот од Велес, а на горниот дел од скалите нè пресретна мултимедијален ѕид кој пушташе музика при приближување со најава за новиот – Добар проект со цел на заедничко финансирање (crowd funding) на млади таленти. Понатаму сретнавме од дизајн на мебел, до моден дизајн со студентите од Европски Универзитет, интересно спакуваната козметика „за бради“ – Kissable, мебелот на We are nature, столчиња со традиционални мотиви, креденчиња со уши и носеви, мали перничиња – птици со долги нозе, бевмевоодушевени од реставрираните дизајни на Urban Old кои го враќаат духот на стариот мебел, а неизбежни беа и фотографиите кои ги разубавуваат ѕидовите на целиот простор. Во концептуалната продавница која е отворена и надвор од овој настан, видовме од познатите дизајни на Лудус, како и Linija, handcrafts4u, Armarium, и други, а од другите области и интересни столчиња и лампи.

Сепак, можеби најубавиот дел беше таванот населен со Young Balkan Designers кој нè однесе во друга димензија со автентичниот мирис на дрво – во некоја стара куќа полна со спомени. Погледнавме од интересни лампи и лустери, до пожарникарска јакна измешана со традиционални мотиви, стари предмети како разбој и лејки, модерни столчиња, печати за колачи, дрвени играчки за деца, интересни везови на перничиња и блузони во старински стил со „пиксел“ уметност, па и „изум“ од 2 хартиени кеси за практично грицкање семки :)

Потоа назад на приземјето, се сретнавме со уште некои интересни парчиња мебел, дизајн на плочки, неколку интересни штандови на нашите портали кои се занимаваат со дизајн – Design.mk и Divianarts, еко-хартија и штандот на Виталија. Патем ѕирнавме и во собата за прототипи која е отворена за сите дизајнери кои сакаат да направат примерок од сопствениот дизајн.

Skopje Design Week ќе биде отворено до недела, тркнете да се запознаете!

English translation at the end of the post.

DSC_0004
DSC_0011DSC_0012DSC_0013DSC_0015DSC_0016DSC_0017DSC_0018DSC_0021 DSC_0023DSC_0024DSC_0026DSC_0034DSC_0038DSC_0040DSC_0043 DSC_0046   DSC_0051DSC_0052DSC_0053DSC_0056DSC_0057DSC_0060DSC_0065DSC_0064  DSC_0068 DSC_0072DSC_0075DSC_0077DSC_0079DSC_0081DSC_0084 DSC_0086 DSC_0091     DSC_0092 DSC_0093DSC_0095DSC_0097DSC_0099DSC_0102 DSC_0104 DSC_0105      DSC_0107 DSC_0109DSC_0115DSC_0117DSC_0120DSC_0121 DSC_0123 DSC_0124 DSC_0125 DSC_0126       DSC_0131 DSC_0132DSC_0138DSC_0141 DSC_0142 DSC_0144 DSC_0147 DSC_0154 DSC_0155     DSC_0158   DSC_0163DSC_0165 DSC_0168 DSC_0171DSC_0192DSC_0175 DSC_0180    DSC_0188DSC_0199 DSC_0200 DSC_0203 DSC_0208 DSC_0209

Yesterday was the opening of the 5th edition of “Design Week” in Skopje, as announced – on the new location in the Public Room .

Although slightly different sensibility from the previous releases in Kursumli An, Public Room was a suitable replacement – with enough room to fit all display designs and fine industrial setting filled with jazz and enthusiastic crowds.

Starting from the first floor, the stairs listed comics from Comic Center from Veles and the top of the stairs we were met with a multimedia wall that play music when approaching a prelude to the new – Good project purpose of joint financing (crowd funding) of young talents. Furthermore we met the design of furniture to fashion design students from the European University, interestingly packaged cosmetics “for beards”- Kissable, the furniture by We Are Nature, chairs with traditional motifs, firtniture with ears and noses, small pillows – birds with long legs, we were amazed by the restored designs by Urban Old that back the spirit of old furniture, and unavoidable were the photographs that embellish the walls of the entire space. At the conceptual store which is open even out of this event, we saw the familiar designs by Ludus , and Linija, handcrafts4u, Armarium, and from the other areas of interest chairs and lamps as well.

However, perhaps the most beautiful part was the attic which was inhabited by Young Balkan Designers and takes you into another dimension with the authentic smell of wood – in an old house full of memories. We could see interesting lamps and chandeliers, the bomber jacket mixed with traditional motifs, old items such as loom and gourds, modern chairs, cookie stamps, wooden toys for children, interesting embroidery on pillows and jackets in antique style with “pixel” art, even an “invention” of 2 paper bags for convenient seeds nibbling :)

Then back on the ground floor, we met up with some interesting pieces of furniture, patterned tiles, several interesting stands of our portals dealing with design – Design.mk and Divianarts , eco-paper and a Vitalia stand. We also peeked in the prototyping room which is open to all designers who want to make a sample of her own design.

Skopje Design Week will be open until Sunday, go and see it for yourself!

Facebook Comment



You may also like