Дап, добро прочитавте! Наша лична, персонална, кежуалска КОЛЕКЦИЈА!!! Лежерни парчиња гардероба за оваа есен/зима осмислени од нас три, Сандра, Калина и Ива!
А сега, малку посмирено :)) Ова е нешто за кое размислувавме (и го посакувавме) подолго време. Веќе четири години упорно зборуваме за лежерна мода и лежерни парчиња гардероба, но многу често се случуваше да не можеме кај нас да го најдеме тоа што ни треба…
Тука во приказната совршено се вклопија прекрасните Bastet Noir кои се понудија да ги оживеат нашите идеи и да ги изработат лежерните парчиња кои ние три отсекогаш сме сонувале да ги имаме. :)
Тоа што ќе го видите на фотографиите подолу e нашата капсулна колекција направена во соработка со Bastet Noir. Наши идеи, парчиња кои долго време сме посакувале да ги имаме (повеќе околу тоа во некој од следните постови) изработени од Bastet Noir. Ги поделивме комбинациите во дневна и ноќна варијанта, иако слободно можете да ги носите кога и да посакате во текот на денот, знаете, кежуал… :)
Сите модели од нашата колекција се веќе достапни на ASOS Marketplace или директно на Bastet Noir. Одвај чекаме да слушнеме како ви се допаѓаат! :)
English translation at the end of the post.