1 година Скопски Грув!

Пред некое време ви раскажавме за екипата Скопски Грув, а денес на наша голема радост ви го најавуваме нивниот прв роденден. А знаете колку многу сакаме родендени, нели?

Прославата ќе се случува под името One nation under a groove“ на 27ми декември во МКЦ.

Настанот е поделен во неколку сегменти, баш како и работењето на Скопски Грув – музичка програма, аудио визуелен дел и графити изложба. Музичкиот дел од програмата ќе се состои од настапи на DJ-и од колективите Скопски Грув, Оубли, Пирка.авх (Тебо Негетт) и Тектум, додека аудио-визуелно ќе биде изработен од страна на Пирка.авх. Во холот ќе бидат изложени повеќе дела изработени од различни графити артисти кои биле дел од досегашните настани на Скопски Грув.

фото: Скопски Грув

Настанот е замислен како збир на целата работа на Скопски Грув во изминатата година, што значи дека ќе има што и да се види и да се слушне, и нормално, да се изнаужива :)

Друштво, среќен роденден! Секоја година да растете сè повеќе :) Се гледаме на 27ми во МКЦ :)

Facebook Comment



You may also like