ФАВОРИТИ ОД ОСКАРИТЕ! | OSCAR’S FAVORITES! – 2020

Иако си коментираме помеѓу нас, некако Оскарите ни се при срце од започнувањето на нашата приказна кога трите на твитер дискутиравме за најдобро облечените на Оскарите во 2012-та година.. затоа и блогот настана набргу потоа :)

Ноќта ја преседовме чекајќи Оскар за нашиот документарен филм Медена земја, кој иако не го дочекавме, сепак ја одбележа изминатата година и остануваме негови најголеми обожаватели.

Моменти кои вредат да се запомнат се автентичниот турски етно изглед со долг везен елек и шалвари на хероината на Медена земја, Атиџе Муратова, креација на Кокев, разбудувачкиот говор на најдобриот актер Жоакин Феникс и слатката фотографија со Руни Мара на „афтер парти” каде јадат вегански бургери, Џејн Фонда и Елизабет Бенкс кои се појавија во веќе носени фустани сакајќи да ја поткренат свеста за влијанието на модата на животната средина, како и наметката на Натали Портман со имињата на женските режисерки чии филмови добија номинации, но самите тие не добија номинација за режија и кои, за жал, скоро никаде не ги прочитавме: Greta Gerwig (Little Women), Lorene Scafaria (Hustlers), Lulu Wang (The Farewell), Mati Diop (Atlantics), Marielle Heller (A Beautiful Day in the Neighborhood), Melina Matsoukas (Queen & Slim), Alma Har’el (Honey Boy) и Céline Sciamma (Portrait of a Lady on Fire).

English translation at the end of the post.
Atidze Muratova (Kokev) / Photo: @mkc_skopje
Rooney Mara & Joaquin Phoenix @ after party eating vegan burgers :)
Photo by Greg Williams

Во продолжение се нашите омилени фустани од Оскарите 2020 година и забавата на Vanity Fair:

/ These are our favorite dresses from the Oscars 2020 and the Vanity Fair’s after party:

Ива / Iva

Сандра / Sandra

Калина / Kalina

Although we already discussed them this morning, Oscar outfits are still one of our favorite things to share, just because they were the starting point of our conversation which then lead to creating Skopje Casual in 2012. 😊

We spent the night waiting for an Oscar for Honeyland, the Macedonian candidate for best documentary, and even though they didn’t get it, we stay their biggest fans.

Some of our favorite moments from the night were (of course) the Turkish ethno look on the long embroidered vest and shalvar pants of the leading lady of Honeyland, Atidze Muratova (created by Kokev), the wake up call from Joaquin Phoenix, and their cutest photo with Roonie Mara eating vegan burgers (yes, casual always wins), Jane Fonda and Elizabeth Banks wearing dresses they have already worn before, making a statement about the influence of fashion on our environment, as well as Natalie Portman’s cape with the embroidered names of female directors whose films were nominated by they were not: Greta Gerwig (Little Women), Lorene Scafaria (Hustlers), Lulu Wang (The Farewell), Mati Diop (Atlantics), Marielle Heller (A Beautiful Day in the Neighborhood), Melina Matsoukas (Queen & Slim), Alma Har’el (Honey Boy) and Céline Sciamma (Portrait of a Lady on Fire).

Facebook Comment



You may also like