Во групна ревија за затворање на третиот ден на деветтиот моден викенд своите колекции ги прикажаа Стефанија Насеска, Марјана Рујаноска, Chic Undercowear на Бобан Илиевски и Никола Петровски.
Секој од четирите дизајнери на сцената остави свој личен печат со кој придонесе затворањето на третиот ден да ни приушти одлична комбинација на стилови, вистинско уживање за публиката.
Ревијата стартуваше со “Модната револуција” на Стефанија Насеска. Принтови, колорит, дизајни во стилот на Стефанија која веќе препознатливо си поигрува со боите.
English translation at the end of the post.
Втора по ред во групната ревија ја погледнавме Марјана Рујаноска. Во пастелни тонови аплицирани на лесни материјали, пролетта на Марјана е нежна, женствена и на наше големо задоволство многу лежерна.
По модната револуција следеше Chic Undercowear на Бобан Илиевски. Пеперутки, турбани, крупен накит и слогани како “Chic me baby one more time”, шик дамата на Бобан уште еднаш доминираше на сцената и го потврди својот статус на вистинска модерна дива.
Никола Петровски со кој се затвори групната ревија претстави микс на принтови, од земјени тонови, до крупно шаренило. Неговата колекција и даде убав, земјен, смирен тон на завршницата на оваа ревија.
The group show that wrapped up the third day of the 9th Fashion Weekend Skopje, presented the newest lines of Stefanija Naseska, Marjana Rujanoska, Chic Undercowear by Boban Ilievski and Nikola Petrovski.
Each of the four designers left their own mark on the runway that contributed to a great combination of styles – a pure enjoyment for the audience.
The show started with the “Fashion Revolution” by Stefanija Naseska. Prints, colors and designs in Stefanija’s recognizable style that plays around with colors.
—
Marjana Rujanoska was the second designer that presented a line with pastel tones applied to light fabrics, which showed us her view of the spring – a soft, feminine and to our pleasure – pretty casual.
—
Chic Undercowear by Boban Ilievski followed with butterflies, turbans, extra large jewelry and slogans like “Chic me baby one more time”. His lady dominated the runway once again and confirmed her status of a true modern diva.
—
Nikola Petrovski that closed the group show presented us a mix of prints in earth tones up to large colorful patterns. His line gave a neat, earthly and calm tone to the closure of this various show.