Search results

45 results found.

Cloud9 by Irina Tosheva

„Облечете се во ритамот и боите на природата и дозволете им на вашите сетила да го прифатат предизвикот.“ Ова е пораката на креативниот тим кој стои зад фотосесијата за најновата колекција на Ирина Тошева.

Колекцијата „Cloud 9“ која веќе ви ја претставивме (и можете веднаш да ја нарачате на bastetnoir.com) според Ирина носи инспирација од старите семејни фотографии и една подзаборавена мода.

„Колекцијата нè води на прошетка во еден подзаборавен орман. Бев инспирирана од избледените семејни фотографии преку коишто ги запознав своите родители во нивната младост“ вели Ирина.

Одличниот тим кој работеше на оваа фотосесија е:

фотограф: Фросина Илиевска

шминка: Виктор Мирчевски

фризура: Studio Allure

модели: Елена Гугоска, Кјара Гоља, Ана Ежова, Марко Аврамоски

постпродукција: Кристина Манчева и Фросина Илиевска.

Уживајте во фотките! Одвај чекаме да погледнеме некој од одличните модели и на скопските улици :)

Повеќе | More >