Search results
45 results found.
45 results found.
Со задоволство ја најавуваме 12-та сезона на Моден викенд Скопје (и 6-та по ред на која присуствуваме и ние :) ) која ќе се одвива на тема „Модата и културното наследство“.
На истата тема ќе гласи и изложбата со која на 21 октомври ќе го прогласи отварањето, додека ревиите започнуваат на 22-ри и ќе траат до 25-ти. За прв пат ќе има и проекции на филмови за време на целиот настан.
На 22-ри ќе се одржи првата самостојна ревија на Игор Марков во Музејот на Град Скопје, а следните денови ќе ги видиме новите колекции на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска, косовската дизајнерка Венера Мустафа, турскиот моден бренд „Kigili“, Митко Занов, Ирина Тошева поддржана од My:Time (која исто така има соработка и со македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“), Роберт Ивановски, Кристина Цветковска, Олгица Ѓоргиева поддржана од D’Eyeko и за прв пат во Македонија – руската модна куќа „N by Z“ потпишани од дизајнерката Наталија Злодјарева.
Визуелниот имиџ за прв пат го изработи модната блогерка Јована Зука.
Следете нè за сите новости! ;)
English translation at the end of the post.