Среќни сме и официјално да ви најавиме дека оваа година ќе бидеме блого-медиумски партнери на еден од омилените настани во градов – Skopje Design Week! Jeeej! :)
Како и минатата година и оваа четврта година под мотото „Скопје ќе живее во ‘четврта смена’“, од 23-ти до 28-ми септември, Куршумли Ан повторно ќе биде магично исполнет со македонски и светски дизајнери од сите можни области на дизајнот – од индустриски, графички и моден дизајн, па сè до дизајн на светло и храна. Оваа година земја во фокус ќе биде Франција, така што очекувајте интересни француски „деликатеси“ подготвени од десетте индивидуалци и студија кои ќе земат учество.
Во моментов сè уште има отворени повици за учество кои може да ги погледнете тука (отворени до 20-ти јули), од кој можеби најактуелен е меѓународниот конкурс за бренд дизајн на гроздовиот мед од Тиквеш, каде за победничкото решение ќе бидат доделени 2000€.
Следете нè за сите новости поврзани со меѓународната скопска недела на дизајнот!
English translation at the end of the post.
We’re happy to officially announce that this year we will be media partners of one of our favorite events in Skopje – Skopje Design Week! Jeeej! :)
As last year, this fourth year in a row, Kurshumli An will be filled with Macedonian and international designers from 23rd till 28th October under the motto “Skopje will live in the fourth shift”. The event will accommodate all sorts of designers – from industrial, graphic and fashion design, to light design and food design. This year, the country in focus will be France, so expect interesting French surprises prepared by the 10 individuals and studios that will take part in the event.
At the moment open calls for participation are still running, you can check them out here (the closing date is 20th july), maybe the most interesting one is the international call for brand design of the “Grape Honey” by Tikvesh, in which the winner will be rewarded with 2000 €
We promise to keep you updated with all the news from the international design week in Skopje :)