Преубавите принтови веќе почнуваат да ни стануваат асоцијација за колекциите на Никола Петровски :) Во склоп на неговиот моден перформанс за колекцијата пролет/лето 2015, видовме преубави бои, од морско синило до јака портокалова во комбинација со виолетова.
Новата колекција на Никола ја пренесе убавата енергија на природата пресликана на неговите креации, и направи на момент посакавме да се врати летото за да можеме да прошетаме во кусото сино фустанче или црвено-виолетовиот фустан со големо деколте.
На кратко, овој перформанс ни донесе вистинско уживање, баш како што вели и самото име на колекцијата, „Моменти на задоволство“.
English translation at the end of the post.
Beautiful prints are kind of becoming a synonym for Nikola Petrovski’s collections to us :) In his performance for the SS 2015 collection, we saw amazing colors, from deep blue, to bright orange combined with purple.
Nikola’s new collection transferred the energy of nature presented on his models, and made us wish for the summer to come back, just so we can wear the short blue dress with short sleeves, or the red-purple dress with a big cleavage.
In short, this performance brought us just what it promised it will, “Moments of pleasure”.