Од утре, 15-ти ноември, концептуалнта продавница Lotus Design Store официјално ја започнува продажбата на новите колекции есен–зима 2014/2015 на македонските (модни) дизајнери.
Покрај постоечките брендови кои до сега сме ги виделе во Lotus Design Store (Скопје Сити Мол, втор кат до Bo Bowling) за прв пат ќе бидат претставени колекциите на тројца нови дизајнери, и тоа Јован Петровски со моделите од своите брендови Squire и Blackout, брендот JZJ на дизајнерот Златко Јовановски со колекцијата Страшен суд и брендот Сино студио на Ема Николова со колекцијата на мебел {trikoN}.
Единствено до сега не сме напишале ништо за брендот „Сино студио“ на Ема Николова, која прв пат ја забележавме и нè воодушеви на Skopje Design Week со нејзината колекција на уникатен мебел „Трикон“ која покрај модните дизајнери, ќе може да се најде во Lotus Design Store.
Покрај новите брендови, ќе може да ги видите и новите колекции на дизајнерите чии парчиња веќе можевте да ги видите во Lotus Design Store – Росица Мршиќ и Елена Спасовска, колекцијата „Тајмлес“ на брендот КУФЕР од дизајнерката Андријана Динева, „Кирилица“ на Стефанија Насеска и „Зебра“ на Ирина Тошева. Но исто така, може да се купат и колекциите есен-зима на Le Brand на Лили Кадинска, 4 Сезони на Марта Мирова, Macci на Мариа Спасеска и Vibrazioni на Александра Митковска.
Контакт: Lotus Design Store :: Skopje City Mall 2 кат :: hello@lotusgeneration.com :: 070 382 902
English translation at the end of the post
Јован Петровски / Jovan Petrovski
JZJ by Zlatko Jovanovski
Ема Николова (Фото: Ани и Дими) / Ema Nikolova (Photo: Ani & Dimi)
Росица Мршиќ (Фото: Ани и Дими) / Rosica Mrshik (Photo: Ani & Dimi)
Елена Спасовска / Elena Spasovska
Куфер од Андријана Динева / Kufer by Andrijana Dineva
Стефанија Насеска / Stefanija Naseska
Ирина Тошева / Irina Tosheva
Ле Бренд од Лили Кадинска / Le Brand by Lili Kadinska
Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska
—
From tomorrow on, the concept store “Lotus Design Store” officially begins the sale of the newest autumn-winter 2014/2015 sale of the Macedonian (fashion) designers.
Besides the brands we’ve already been able to see in the Lotus Design Store for the first time you’ll be able to see the designs of three new designers – Jovan Petrovski with his brands Squire and Blackout, JZJ by Zlatko Jovanovski and the brand “SINO studio” by Ema Nikolova with her furniture collection named {trikoN}.
We noticed the brand „SINO Studio“ by Ema Nikolova for the first time during Skopje Design Week and we were impressed by her collection of unique furniture “Trikon”. You can now find her designs among the other fashion pieces in Lotus Design Store.
Besides the new brands, you’ll be able to see the new collections of the designers that were already taking place in the Lotus Design Store – Rosica Mrshik and Elena Spasovska, the collection “Timeless” of the brand KUFER by Andrijana Dineva, “Cyrillic” by Stefanija Naseska and “Zebra” by Irina Tosheva. You could also buy the autumn-winter collections by Le Brand by Lili Kadinska, 4 Seasons by Marta Mirova, Macci by Maria Spaseska and Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska.