Колекцијата Senses на Олгица Ѓоргиева беше втората ревија која ја проследивме на отворањето на модниот викенд. Романтична и нежна, колекцијата на Олгица ни донесе комбинација на чипка и интересни принтови во моделите кај кои доминираше бела, црвена и црна боја. Особено впечатливи беа интересните фризури кои супер ја дополнија целата приказна.
Наш фаворит, црниот фустан со балон здолниште и смарагдно зелениот фустан кој можеме само да сонуваме да ни стои тоооолку добро како на Рене :)
English translation at the end of the post.
The collection “Senses” by Olgica Gjorgieva was the second show we got to see at the opening of fashion weekend. Romantic and gentle, Olgica’s collection brought a combination of lace and interesting prints on the models in red, white and black color. We especially liked the interesting hair, which was a good fit for the outfits.
Our favorites, the black dress with balloon bottom and the emerald green dress, we can only dream it fits us as well as it does Rene :)